Top Sport

До неодамна се викаа Редскинс, сега е забрането да се носат „индијански“ перја

НФЛ тимот Вашингтон редскинс, кој минатата година го смени името во Вашингтон фудбал тим поради расистичките конотации кон домородните Американци (за кои ние уште ја користиме некоректната фраза Индијанци), сега објави дека ќе биде забрането на трибините да се носат перја и да се бојат лицата во боите на Индијанците.

„Возбудени сме што можеме да посакаме добредојде на фановите, меѓутоа перја инспирирани од домородните Американци, како и бои на лицето веќе нема да бидат дозволени“, се вели во објавата на тимот пратена до носителите на сезонските билети.

Иронично, ова значи дека и тие кои имаат потекло од домородните Американци, нема да можат да ги носат своите традиционални облеки.

Scroll to Top