Top Sport

Ливорно успеаја да бидат исфрлени и од Серија Д

Ливорно, поранешниот славен клуб, е толку задолжен што не му беше дозволено да се регистрира ниту во аматерската Серија Д, од која е исклучен за сезоната 2021/22.

Ливорно беше исфрлен од Серија Ц (третата лига) откако не успеаја да дадат докази за својата финансиска стабилност, а сега ниту ЛНД (Lega Nazionale Dilettanti), односно аматерската лига нема да им дозволи да се натпреварува.

Од клубот веќе се откажа и градскиот совет на Ливорно, кој не им дозволува да тренираат и да играат на „Стадио Пики“ поради неплатените сметки. Градоначалникот на Ливорно најави дека локалните бизнисмени треба да помогнат во формирање на нов клуб, кој би ги стартувал натпреварите во Серија Д.

Ова не е првпат за Ливорно да има вакви проблеми – тие банкротираа во 1991 година, но се вратија во Серија А во 2004 и стигнаа до осминафиналето на УЕФА Купот во 2006/07. Клубот од Тоскана последен пат беше во Серија А во 2013/14.

Scroll to Top