Top Sport

Дали Нејмар е виновен за „раскинот“ на Меси и Барса?

Само 24 часа пред шокантниот „раскин“ со Барселона, Лео Меси беше на вечера со играчите на Пари Сен-Жермен, предводени од неговиот стар пријател Нејмар, и многу фанови на каталонскито клуб сметаат дека ова бил клучниот момент да се стави крај на 21-годишниот престој на „Ноу Камп“.

Подолго време од Шпанија доаѓаа вести дека Барселона го прави максимумот да се договори со Меси, дури предложувајќи намалување на платите на повеќе стандардни првотимци за 40 отсто, пред денешниот шокантен пресврт на настаните, во кој Меси се покајал за дозволата да му се намали платата за 50 отсто, но најмногу бил разочаран од квалитетот на сегашниот тим.

Фотографијата која покажува кој можеби го разубедил го покажува Меси во друштво со Нејмар, соиграчите од аргентинската репрезентација Анхел ди Марија и Леандро Паредес и италијанската ѕвезда Марко Верати.

Нејмар, кој постојано го повикуваше Меси да дојде во Париз, ја објави фотографијата на Ибиза со порака „Амигос“ (пријатели). ПСЖ е сигурно еден од ретките клубови на планетата кој може да си ја дозволи огромната плата на Меси, така што ќе биде интересно да се следат настаните.

Scroll to Top