Баже Илијоски постигна хет-трик, а Шкупи стигна до убедлива 5:2 победа над неговиот поранешен клуб Пелистер, за да го доближи до Втората лига.
Во заостанат меч од 26. коло поради труењето со храна на играчите на битолскиот клуб, денеска во Чаир се одигра мечот во кој „зелените“ се надеваа дека со позитивен резултат ќе се доближат до опстанок во лигата.
Наместо тоа, Пелистер доби „петарда“ за да остане закован на последното место на табелата. Ален Јашароски уште во петтата минута донесе водство за Шкупи, а Илијоски, кој дојде во скопскиот клуб од Пелистер во 12. минута зголеми на 2:0. Петар Љамчевски во 18. минута врати надеж за гостите, но Илијоски до крајот на полувремето уште еднаш стрелаше во мрежата на својот поранешен тим.
На почетокот на второто полувреме, во 48. минута, Илијоски го комплетираше хет-трикот за 4:1, а Пелистер намали во 67. минута од пенал. Бунјамин Шабани во 76. минута го постави конечниот резултат.
Шкупи со победата скокна на шестото место со 42 поени, еден повеќе од Ренова, додека Пелистер останува „закован“ на дното со 31 поен. Скопје и Победа имаат по 32 поени најавувајќи интересен финиш на првенството, барем во борбата за опстанок.
Фото: ФК Шкупи