Top Sport

Србите, Хрватите и Словенците со три злата, Црна Гора и БиХ без медали

Србија, Хрватска и Словенија ја завршија Олимпијадата со 3 златни медали, додека Србите имаат најмногу вкупно медали (9), Косово заврши со две злата, Македонија со едно сребро на теквондо херојот Дејан Георгиевски, додека Црна Гора и Босна и Херцеговина од екс-Ју републиките си заминаа од Токио без ниту еден медал.

Србија има вкупно 3 злата, 1 сребро и 5 бронзи што е најдобар скор за нив на Олимпијадите, Хрватска завршува со 3 злата, 3 сребра и 2 бронзи, додека Словенија завршува со 3 злата, 1 сребро и 1 бронза.

За Србија злато освоија ватерполистите,  Милица Мандиќ (теквондо) и Јована Прековиќ (карате), за Хрватска златни беа тенисерите Мектиќ-Павиќ, Матеа Јелиќ (теквондо) и Валент Синковиќ (веслање), додека Словенците ги израдуваа Примож Роглиќ (велосипедизам), Јања Гарнбрет (спортско качување) и Бенјамин Савшек (кану на брзи води). Косовo двете злата ги освои во теквондото  – Нора Ѓакова и Дистрија Красниќи.

Scroll to Top