Навивачите и новинарите ја избраа најдобрата петорка во кошаркарската Евролига за сезоната 2017/2018. Претходно Евролигата му ја додели наградата „Алфонсо Форд“ на најдобриот стрелец Алексеј Швед (Химки), за најдобра дефанзивец го прогласи крилниот центар на ЦСКА, Кајл Хајнс, а иато како и минатата сезона за „Ѕвезда во подем“ го прогласи Лука Дончиќ од мадридски Реал.
Петмина од пет различни екипи ја формираа најдобрата петорка во Евролигата, тоа се Ник калатес (Панатинаикос), Нандо Де Коло (ЦСКА), Лука Дончиќ (Реал), Токо Шенгелија (Басконија) и Јан Весели (Фенербахче).
Кога ќе се погледне минатата сезона, местото во идеалната петорка го задржал само Де Коло, Весели беше меѓу најдобрите пет во 2016 година, а останатите тројца прв пат во своите кариери се избрани во тимот на сезоната.
Имињата на кошаркарите што се најдоа во втората петорка, Евролигата ќе ги објави в петок, а името на најкорисниот играч оваа сезона, односно МВП. на сезоната ќе биде познато откако ќе заврши фајнал фор турнирот.
Евролигашката сезона ќе заврши со фајнал фор турнирот, што ќе се одигра од 18. до 20.мај во Белград. Пласман на завршниот турнир изборија Фенербахче, Жалгирис, ЦСКА и Реал.