Top Sport

Ериксен со прекрасна порака до мало девојче кое мора на операција на срцето

Кристијан Ериксен прати прекрасна порака до деветгодишно девојче кое мора да оди на иста операција на срцето каква што имаше тој по колапсот на Европското првенство.

Срцето на данскиот репрезентативец сопре во текот на првиот меч за Данска на ЕУРО 2020 против Финска во Копенхаген, а откако беше вратен во живот, му беше вграден минијатурен дефибрилатор (ИЦД).

Откако семејството на 9-годишната Ив му пратиле писмо на фудбалерот на Интер објаснувајќи дека на неа исто така и е потребен пејсмејкер, Ериксен одговори со посебно видео.

„Здраво Иви, јас сум Кристијан. Благодарам за прекрасното писмо. Се надевам дека се чувствуваш удобно и сигурно пред операцијата. Никогаш не е забавно да си во болница, но сигурен сум дека лекарите знаат што прават и тука се дати помогнат. Ќе се вратиш на нормалниот живот многу бргу, како што се вратив и јас. Сакав да ти посакам се најдобро и се надевам дека ќе се сретнеме во иднина“, вели Ериксен во видеото.

Поради вградеиот уред во срцето, Ериксен нема да може да игра за Интер во новата сезона, но постојат шпекулации дека може да се врати во Ајакс, бидејќи во холандската Ередивизие нема вакви ограничувања.

Scroll to Top