Top Sport

Така се сака градот! Џенова со прекрасен дрес со „лантерната“

Џенова го објави својот трет дрес за сезоната 2021/22, кој е направен во чест на светилникот „Лантерна“ во главниот град на Лигурија.

Дербито на Џенова помеѓу Џенова (најстариот италијански клуб) и Сампдорија го носи името „Дерби дела лантерна“ токму поради огромниот светилник од средниот век, кој ги предупредувал бродовите на моќната морска империја на Џенова. Светилникот е изграден во 1128 година, а во сегашна форма е од 1543 година, и останува петтиот најголем светилник на светот со височина од 117 метри.

Светилникот сега е на страната на дресот на Џенова, додека на јаката е напишана фраза на џеновски дијалект: „Нашата Лантерна. Нашата земја“.

Цената? „Скромни“ 65 евра.

Scroll to Top