Абдулрашид Садулаев, кој минатата недела го освои своето второ олимписко злато, победувајќи го Американецот Кајл Снајдер во борење, открива дека добил „бонус“ од милион долари од пратеник во руската Дума.
25-годишниот Садулаев, кој доаѓа од Дагестан, татковината на УФЦ легендата Хабиб Нурмагомедов, открива дека пратеникот Магомед Хаџиев му го дал овој бонус.
„Сакам да му се заблагодарам на мојот соанродник од областа Чаридински, пратеникот Магомед Хаџиев, кој реши да ме охрабри со милион долари за освоеното злато. Мојот тренер, Шамил Омаров исто така беше награден. Од моја страна, ќе се обидеме да го кренеме нивото и да донесеме нови победи“, изјави Садулаев за „РИА“.