Виктор Салазар, аргентинскиот дефанзивец на парагвајскиот клуб Олимпија ќе помине неколку дена во болница откако по еден необичен фаул во четврт-финалето на Копа Либертадорес, добил епилептички напад.
Во 22. минута од мечот помеѓу Олимпија и бразилскиот Фламенго, тој беше удрен во главата од Гиоргиа де Араскаета во еден дуел за топка, по што беше изнесен од стадионот во амбулантно возило додека околу него беа соиграчите.
Од клубот објавија дека тој ќе биде под долгорочна медицинска помош, за да се утврдат причините за нападите. Олимпија го загуби мечот со 4:1.
Por outro ângulo o lance envolvendo Arrascaeta e Victor Salazar: #Libertadores pic.twitter.com/HZBDtvufcY
— Goleada Info (@goleada_info) August 11, 2021