Иако цел живот беа ривали како капитени на Реал Мадрид и Барселона, Серхио Рамос му пратил порака на Лионел Меси и неговото семејство дека можат да се вселат во неговиот дом ако им пречи да живеат во хотел.
Вчера беше објавено интересно видео во кое Рамос телефонски му посакува добредојде во Пари Сен-Жермен, а сега според шпанскиот весник „Ел Паис“ сите стари недоразбирања се надминати и дека Рамос е подготвен да го дели домот со Аргентинецот.
Меси моментално живее во хотелот „Ел ројал Монсо“, како и сите засилувања на Пари Сен-Жермен пред да си најдат домови. Таму живееше и Рамос пред да најде дом во областа Нои-сур-Сен, каде што живеат и капитенот Маркињос и Ахел ди Марија.
Од „смртни непријатели“ до соиграчи – Рамос и Меси почнаа пријателски