Новинарите и навивачите ја избраа втората петорка во Евролигата, за сезоната 2017/2018. Место во вториот тим има за двајца играчи на Жалгирс и по еден на Химки, ЦСКА Москва и Олимпијакос.
Евролигата вчера ги објави имињата на играчите кои влегоа во првата петорка, а денес ги објави и имињата на оние што ја формираа втората петорка.
Во неа се играчите на најпријатното изненадување оваа сеозна, Жалгирис, Кевин Пангос и Паулиус Јанкунас, односни Серхио Чачо Родригез (ЦСКА0, Алексеј Швед (Химки) и Василис Спанулис (Олимпијакос).
Пангос и Јанкунас се први играчи на Жалгирис уште од 2006 година што се избрани во евдан од двете петорки на сезоната. Исто така овие двајца заедно со Швед прв пат влегоа во една од двете најдобри петорки. Бекот на ЦСКА, Чачо Родригез втор пат во кариерата е меѓу избраните, додека Спанулис со годинешниот избор стана апсолутен рекордер.
Популарниот Били, осми пат во кариерата е член на една од двете петорки и на вечната листа го мина Хуан Карлос Наваро.