Рафаел Надал повторно ќе биде главен фаворит за титулата на Ролан Гарос, но во четвртокот се случи нешто што никој не го очекуваше – „кралот на земја“ загуби во четврт-финалето на Мадрид опен од Доминик Тим и тоа во два сета со 7:5/6:3!
Надал во четвртокот го сруши рекордот со освојување на точно 50 сета во низа на земјена подлога, но во петокот налета на расположениот Австриец Тим. Бидејќи Надал бранеше поени за титулата од Мадрид, тој од понеделник ќе го препушти првото место на АТП листата на својот голем ривал, Роџер Федерер, кој иронично ја пропушта целата сезона на земја.
Токму Тим во Рим минатата година успеа да му го нанесе последниот пораз на Шпанецот на земјена подлога, така што многумина би се обложиле дека 22-годишниот Австриец ќе оди далеку на црвената земја во Париз на крајот на месецот.
Во полуфиналето, Тим ќе игра со Јужноафриканецот Кевин Андерсон, кој со 7:6(3)/3:6/6:3 го победи Србинот Душан Лајовиќ.
World No. 7 @ThiemDomi becomes 1st player since himself to win a set from Rafael Nadal on clay, taking 1st set of #MMOpen QF 7-5. Nadal’s consecutive sets streak ends at 30 overall and 50 on clay. His last set and match lost on clay was to Thiem in 2017 @InteBNLdItalia QF.
— ATP Media Info (@ATPMediaInfo) May 11, 2018