Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта одржа прес-конференција на која на јавноста и ја доближи ситуацијата во клубот
„Ја повикав оваа прес-конференција за да ставам што повеќе работи во контекст и за да објаснам на што наидовме кога го преземавме клубот. Првата работа која моравме да ја направиме е да подигнеме кредит од 80 милиони евра за да можеме да исплатиме плати. Потоа видовме дека мора итно да се направат одредени поправки на `Камп Ноу`, ако не го сторевме тоа, навивачите ќе беа загрозени. Тоа не чинеше 1,8 милиони евра. Политиката на исплата на плати на претходното раководство е погрешна, стручњаците ја нарекуваат обратна пирамида. Ветераните имаат долги договори, а младите играчи кратки, па поради тоа е тешко да се направат нови договори. Ковид 19 не оштети за 91 милиони евра, комплетниот износ на платите вреди 103% од вкупниот приход на клубот. Премногу пари за да им ги исплаќаме на посредници. Претходната управа ангажирала некого да открива таленти во Јужна Америка. За тоа наплатил 8 милиони евра, што е премногу“ рече Лапорта.
„Барселона има негативна нето вредност од 451 милион евра. Платата за спортистите и луѓето кои работат со нив не чинат 617 милиони евра годишно, што е 25 до 30% повеќе од што плаќаат нашите конкуренти. Пример, Реал за плата троши 342 милиони евра. Земавме кредит од 550 милиони евра за да го реконструираме тимот. Моменталниот долг изнесува 1,35 милијарди евра. Економската ситуација е загрижувачка, а финансиската ситуација драматична“ рече претседателот на Барса.
„Спортската политика била катастрофална под претходната Управа. Добиле 222 милиони евра за Нејмар и ги потрошиле непропорционално со брзина на светлината. И сега сме во ситуација кога платите одат до небо. Клубот ќе ја врати финансиската моќ, но ова ќе потрае. Мора да реконструираме се, целата екипа. Имам самодоверба кога видов како синоќа одигравме. Што се однесува за Лео, беше тоа жална, но нужна одлука. Ако сме сложни, новата ера ќе биде многу успешна. Играчите се мотивирани“ порача Лапорта.