Поранешниот олимписки шампион во џудо, Грузиецот Зураб Звиадаури е уапсен под обвинение за повеќекратно убиство, соопштија вчера од грузиската полиција. Тој е обвинет дека заедно со уште еден соучесник учествувале во пукотници во кои се убиени три лица.
Целиот настан, наводно, се случил во градот Цинандали, на 95 километри од престолнината Тбилиси, а на екс-олимпискиот шампион му се заканува затворска казна од 15 години.
Звиадаури го донесе првото олимписко злато на својата земја, важи за еден од најголемите спортисти во историјата на Грузија.
40-годишниот Звиадаури по освојувањето на златниот медал на ОИ во Атина влезе во политика. Тој е светски шампион во џудо во 2001 и во 2003 година, а беше грузиски пратеник од 2012 до 2016 година.