Top Sport

Руската олимписка шампионка советува: Сексот без оргазам е клучен за експлозивна моќ

Русинката Ала Шишкина, трикратната олимписка шампионка во синхронизирано пливање тврди дека додека за мажите е нормално да се воздржуваат од секс пред големи натпреварувања, за жените токму сексот (без оргазам) е клучен за градење на експлозивна моќ во натпреварувањето.

„Жените се поемоционални, но и поиздржливи од мажите. Сексот без оргазам пред натпреварување е прикладен за тие на кои им е потребна мускулна моќ за поставување на најдобри резултати. Тестостеронот е одговорен за таканаречениот ‘спортски бес и агресија’. Ако сметате дека тоа ви помага да бидете посилни, не се воздржувајте од секс“, вели 32-годишната Шишкина одговарајќи на прашања на социјалните мрежи.

Московјанката исто така се осврна на посебниот предизвик на спортистките со големи гради.

„Само девојките со големи гради се свесни за проблемите кои им ги создаваат. Тоа е како да носите ранец од три кила однапред. Во синхронизираното пливање, големите гради секако не се предност, туку проблем“, вели Шишкина.

Советите околу сексуалниот живот очигледно добро и послужиле на Шишкина, која освои злато во тимското натпреварување со Русија на Олимпијадите во 2012, 2016 и на Игрите во Токио минатиот месец.

Scroll to Top