Top Sport

ПСЖ почна на продава играчи поради финансиски фер-плеј!

Екипата на ПСЖ поради финансиски фер-плеј ќе мора да започне со продажба на играчи за да избегнат казна од страна на УЕФА. Ова доаѓа по доведувањето на Лео Меси во Париз, чија годишна плата ќе изнесува 35 милиони евра, па сето тоа ќе мора да се покрие со пари заработени од продажба на неколку првотимци.

Француски „Le Parisien“ пишува дека на излезна врата од клубот се петмина играчи – Јулијан Дракслер, Рабло Сарабија, Рафиња, Лејвин Курзава и Тило Керер.

Французите пишуваат дека дефанзивецот Керер речиси сигурно веќе ја пронашол новата средина – Баерн Минхен.

Спортскиот директор на Баварците, Хасан Салихамиџиќ наводно веќе се состанал со агентот на Керер, па клубот е подготвен да плати 12 милиони евра за Германецот.

Scroll to Top