Контроверзниот француски сатиричен магазин „Шарли Ебдо“ на насловната страница успеа да ги поврзе пристигнувањето на Лионел Меси во Пари Сен-Жермен, катарските газди и талибанското преземање на Авганистан.
Со три жени со бурки на насловната и со бројот „30“ на Меси на грбот, „Шарли Ебдо“ порачува дека Талибанците се „полоши отколку што мислевме“.
Секако ова е коментар на хаотичното преземање на власта на Талибанците во Авганистан, нивното однесување кон жените, но и катарските газди на Пари Сен-Жермен, бидејќи политичките претставници на Талибанците беа сместени токму во оваа земја пред да се вратат во Авганистан. Катар исто така е домаќин на Светското првенство во фудбал следната година.