Top Sport

Николов се пресели во Шериф – близу е до групна фаза во ЛШ сезонава!

Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, 27-годишниот Бобан Николов од денеска и е нов играч на молдавскиот шампион, Шериф Тираспол.

Николов има голема шанса сезонава да настапува со неговиот нов тим во елитната Лига на шампиони затоа што Шериф на свој терен во плеј-офот пред групната фаза на ЛШ го победи загрепски Динамо со високи 3-0. Претходно во квалификациите молдавскиот состав ја елиминираше и белградска Црвена Звезда.

„Екипата на Шериф со задоволство го пречекува Бобан Николов и му посакува блескави натпревари и успеси во црно-жолтиот дрес“ – се вели во официјалното соопштение од Шериф Тираспол.

Инаку Николов кој летово со Македонија настапи на ЕУРО 2020 во Молдавија се сели од екипата на италијански Лече.

Претходно во кариерата има настапувано за Академија Хаџи и заВиторул во Романија, за Мол Фехервар во Унгарија, а пред да ја започне интернационалната кариера со успех го носеше дресот на скопски Вардар.

Scroll to Top