Top Sport

Боксерот Дејвис се извлече без повреди откако приватниот авион падна при полетување

Американскиот боксер Џервонта Дејвис преку Инстаграм објави видео откако неговиот приватен авион на кого беше со уште неколку пријатели, падна при полетување.

Прво, 26-годишниот Дејвис на Инстаграм се пофали со фотографија со неговите пријатели, со багаж, неколку кучиња и едно мало дете. Потоа, тој преку Инстаграм објави видео по инцидентот кој се случил на аеродромот во Форт Лодердејл, Флорида.

„Авионот воопшто не полета! Мислам, полета, но падна! Боже. Ако некој сака да лета… Мислам дека завршив со тоа. Или ќе возам или ќе одам со воз. Секоја чест на пилотот, без него немаше да бидеме живи“, се слуша Дејвис во разговорот.

Scroll to Top