Top Sport

Шкендија во финишот ги декласираше „лавовите“, Струга (барем засега) лидер

Актуелниот македонски шампион, Шкендија во четвртото коло, конечно, стигна до првата победа во новата сезона, откако со 4:0 го декласираше тимот на Македонија Ѓорче Петров, додека Струга по 4:2 победата над Шкупи стана нов лидер во лигата, барем до вечерашниот меч помеѓу Академија Пандев и Ренова.

Капитенот Бесарт Ибрахими го отвори резултатот уште во шестата минута, по што во финишот на натпреварот паднаа три гола во мрежата на гостите. Љупче Дориев ја продолжи голгетерската форма со голови во 88. и 91. минута, пред Дашмир Елези да ги постави конечните 4:0.

Струга, пак, со 4:2 славеше против Шкупи во меч со четири досудени пенали и два црвени картони.  Струга поведе уште во шестата минута преку Босанчиќ, но во 23. минута Шкупи израмни преку капитенот Исмаили во 23. минута.

Никола Босанчиќ до крајот на првото полувреме го комплетираше хет-трикот, додека Исмаили доби црвен картон за Шкупи, по што следуваше прекин со многу искри на теренот. Струга доби нов пенал  во 55. минута, кој го реализираше Бојку, пред Шкупи да намали на 4:2 во 64. минута преку Трапановски.

Фото: ФК Шкендија

ПМФЛ, 4.КОЛО

Борец – Брегалница 1:1

Скопје – Пелистер 1:0

Работнички – Тиквеш 2:1

Шкендија – Македонија ЃП 4:0

Струга – Шкупи 4:2

Академија Пандев – Ренова 20.00 ч.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top