Top Sport

Хаос и прекин на „јужњачкото“ дерби помеѓу Ница и Марсеј!

Дербито на јужна Франција помеѓу Ница и Марсеј е прекинато во 75. минута од мечот, откако навивачите на Ница почнаа да фрлаат со предмети кон Димитри Паје, кој реши да врати едно шише назад и да предизвика неверојатен хаос на трибините.

Иако домаќините водеа со 1:0 со голот на Каспер Долберг во првото полувреме, потегот на Паје ги разгоре страстите и домашните навивачи влегоа на теренот во неверојатни сцени од „Алијанц ривиера“. Останува нејасно дали мечот ќе се доигра.

Интересно, ова е второ гостување на Марсеј кое завршува хаотично оваа сезона, откако пред две недели имаше сличи испади на мечот помеѓу Монпелје и Олимпик (повторно едно јужњачко дерби).

 

Скандал во Монпелје, фановите не се помирија што Марсеј се врати од 0:2

Scroll to Top