Најголемиот НБА кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан реши доцното лето да го искористи за одмор во Хрватска, каде што, нормално, налета на љубопитните локални жители.
Џордан во неделата пристигнал во Хрватска со авион на аеродромот во Сплит, по што ја изнајми грчката јахта „О’Пари“, која како што кажува името е многу скапа – милион евра неделно.
Јахтата е изградена во 2020, долга е 95 метри и има шест палуби, а со неа Џордан од Сплит пристигна во Шибеник, каде што се забавува со возење на скутери.