Поранешниот извршен директор на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге анализирајќи на состојбата на фудбалскиот пазар предупредува на ситуацијата и големите разлики меѓу клубовите. Конкретно за пример ја зема ситуацијата со португалската ѕвезда, Кристијано Роналдо.
„Најголемиот проблем е неговата плата. Тој заработува 35 милиони евра годишно, значи треба да се издвојат 70 милиони евра за негова бруто плата. Кој може тоа да си го дозволи? ПСЖ? Можеби некој англиски клуб? Тоа не е здрав начин на напредок, УЕФА мора да интервенира, нешто да направи“ вели Румениге.
Легендарниот германски фудбалер смета дека „потребна е регулација на цената на трошоците кои повторно да растат, па ако нешто не се направи за фудбалот, следуваат многу тешки времиња“.