Top Sport

Бенфика, Малме и Јанг Бојс влегоа во Лигата на шампиони

Бенфика, Малме и Јанг Бојс ја заддржаа предноста од првите мечеви во баражот, за да влезат во групната фаза на Лигата на шампиони, иако трите клуба се „тресеа“ до последната минута на своите мечеви.

Во дуел на два поранешни европски шампион, Бенфика, откако дома со 2:1 го совлада ПСВ Ајндховен, успеа да остане непоразена во Холандија, одигрувајќи 0:0 за да го продолжи континуитетот во најважното европско натпреварување.

Од друга страна, успесите на Малме и Јанг Бојс дојдоа на сметка на клубови од источна Европа. Бугарскиот шампион Лудогорец беше многу блиску до елиминација на Малме, откако во Разград стигна до 2:1 победа над Малме, но тоа не беше доволно да се надополни предноста од 0:2 на шведскиот клуб од првиот меч.

И на „Групама арената“ во Будимпешта беше многу неизвесно, откако Јанг бојс пристигнаа во Унгарија со 3:2 предност од првиот меч во Швајцарија. Ференцварош ја надополни предноста во првото полувреме и имаше 2:1 водство, но во 64. минута останаа со играч помалку и немаа сили за подвиг, по што примија два гола во второто полувреме.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, БАРАЖ, РЕВАНШ

Ференцварош (Унг) – Јанг Бојс (Шва) 2:3, прв меч 2:3, вкупно 4:6

Лудогорец (Буг) – Малме (Шве) 2:1, прв меч 0:2, вкупно 2:3

ПСВ Ајндховен (Хол) – Бенфика (Пор) 0:0, прв меч 1:2, вкупно 1:2

Scroll to Top