Top Sport

Единствениот црвен картон во кариерата на Солскјер е спектакуларен

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер дебитираше за „црвените“ пред точно 25 години, и навивачите се потсетија на неговиот единствен црвен картон во кариерата, против Њукасл во сезоната 1997/98.

При 1:1 резултат, Јунајтед се обидуваше да дојде до победнички гол од корнер, но Њукасл успеаја да ја исфрлат топката далеку од голот, и Роб Ли имаше слободен пат до голот на „ѓаволите“, каде што беше Рајмонд ван дер Гоув.

Бидејќи беше јасно дека не може да го стигне, Солскјер направи очајнички потег и веднаш доби црвен картон, но и аплаузи од публиката. Сепак, Сер Алекс Фергусон не беше толку позитивен, решавајќи да го казни Норвежанецот со одземање на двонеделна плата и со порака: „Во Манчестер јунајтед не победуваме така“.

Минатогодишниот Суперкуп на Шпанија донесе „копија“ на овој фаул – Федерико Валверде доби црвен картон при 0:0 помеѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид, спречувајќи сигурен гол. Тој наместо критики ја доби наградата за најдобар играч на мечот, и пофалба од противничкиот тренер, Диего Симеоне.

Scroll to Top