По освојувањето на Австралија опен, Ролан Гарос и Вимблдон, најдобриот светски тенисер во моментов Новак Ѓоковиќ ќе се обиде да ја освои титулата и на САД опен и да сруши рекорд стар половина век – освојување на сите грен слем турнири во една календарска година.
Последниот на кој тоа му успеало е легендарниот Род Лејвер.
Доколку успеа во намерата, српскиот ас ќе ги престигне големите ривали Рафаел Надал и Роџер Федерер по број на грен слемови – имаат по 20.
„Имав многу време за одмор, баш доста за тенисер. Од последниот меч поминаа три ипол недели. Имав сјајно лето, доста се исцрпив, но не можам да се жалам. Ова ми е најдобрата сезона што се однесува до грен слемовите и се надевам дека ќе ја крунисам со уште еден трофеј“ изјави Ѓоковиќ за „ESPN“.
Во Њујорк нема да ги има ниту Надал ниту Федерер, ниту пак минатогодишниот победник, Доминик Тим. Така да најголеми предизвикувачи ќе му се Медведев, Циципас и Зверев.
Медведев е втор носител и нема да може да се сретне со Ноле на турнирот пред финалето. Со жрепка ќе се одреди во кој „костур“ ќе се најдат третиот и четвртиот играч во светот во моментов – Циципас и Зверев.
САД опен започнува во понеделник на 30. август и ќе трае до 12. септември.