Откако вчера Шериф од Тираспол влезе во историјата како прв молдавски клуб кој влегол во групната фаза на Лигата на шампиони, вечерва се случи поголемо фудбалско чудо – тимот на Линколн ред импс од најновиот член на УЕФА, Гибралтар направи сензација влегувајќи во групната фаза на новата Конференциска лига на УЕФА со елиминација на летонскиот Рига ФЦ.
Линколн ги пречекаа Рига дома по одличните 1:1 на гости, пред да се повтори истиот резултат по регуларните 90. минути. Во проодлженијата, Ред импс постигнаа два гола за историски успех на клубот. Да потсетиме, Гибралтар е член на УЕФА од 2013 година, а државата има само 34.000 жители, како втора најмала по популација во УЕФА (по Сан Марино).
Рома на Жозе Мурињо рутински со 3:0 го победи и во вториот меч Трабзонспор, а лесна задача имаше и француски Рен, кој ги совлада Розенборг на гости со 1:3.
УЕФА ЕВРОПА КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА, БАРАЖ, РЕВАНШ
Алмати (Каз) – Фола (Лук) 3:1, прв меч 4:1, вкупно 7:2
Бодо/Глимт (Нор) – Жалгирис (Лит) 1:0, прв меч 3:2, вкупно 4:2
Линколн (Гиб) – Рига ФЦ (Лет) 1:1, 3:1 по продолженија, прв меч 1:1, вкупно 4:2
Жилина (Свк) – Јаблонец (Чеш) 0:3, прв меч 1:5, вкупно 1:8
Анортозис (Кип) – Хапоел Бер Шева (Изр) 3:1, прв меч 0:0, вкупно 3:1
Рома (Ита) – Трабзонспор (Тур) 3:0, прв меч 2:1, вкупно 5:1
Елфсборг (Шве) – Феенорд (Хол) 3:1, прв меч 0:5, вкупно 3:6
Копенхаген (Дан) – Сиваспор (Тур) 5:0, прв меч 2:1, вкупно 7:1
Макаби Хаифа (Изр) – Нефчи Баку (Азе) 4:0, прв меч 3:3, вкупно 7:3
Розенборг (Нор) – Рен (Фра) 1:3, прв меч 0:2, вкупно 1:5
Витесе (Хол) – Андерлехт (Бел) 2:1, прв меч 3:3, вкупно 5:3