Top Sport

Звезда го потврди „српскиот“ Холанѓанец, Ришаиро Живковиќ

Во еден од најнеобичните трансфери во летниот преоден рок, Црвена звезда го потврди доаѓањето на поранешниот талент на Ајакс, Холанѓанецот со необично име и презиме, Ришаиро Живковиќ.

24-годишниот Живковиќ, чиј татко е Холанѓанец (со потекло од Курасао), а мајка Србинка од Пирот, доаѓа од кинескиот клуб Чангчунг Јатаи, и игра на позицијата на напаѓач.

„Среќен сум што конечно потпишав за Црвена звезда. Едвај чекам да заиграм и очекувам да ја освоиме титулата и да направиме добри резултати во Лига Европа“, изјави Живковиќ.

Scroll to Top