Пари Сен-Жермен уште не дале одговор на Реал Мадрид за понудата од апсолутно неверојатни 220 милиони евра за Килијан Мбапе, јавува порталот „Гол“.
До крајот на преодниот рок има само уште неколку часа, а ова е последен очајнички обид да се добие мега-ѕвездата на Пари Сен-Жермен, чиј договор завршува на крајот на сезоната.
Иако спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо претходно ги обвинуваше Реал Мадрид дека покажуваат непочитување со првичната понуда од 160 милиони евра, сумата од 220 милиони евра е неверојатна за играч кој има само уште една година од договорот. Со 220 милиони евра, ова е само 2 милиони евра од светскиот рекорд, кој ПСЖ го плати на Барселона за да го добие Нејмар.