Top Sport

Арсенал го пратија Белјерин во Бетис, и го купија Томијасу од Болоња

Арсенал го пратија Ектор Белјерин на позајмица во Реал Бетис, откако Шпанецот една деценија помина во лондонскиот клуб, и тој за првпат ќе игра во својата татковина.

26-годишниот Белјерин, кој е трикратен освојувач на ФА купот со Арсенал, е пратен на позајмица без можност за купување. Тој пристигна во Арсенал како 16-годишник и помина низ младинскиот систем на клубот и беше постојан првотимец и под Арсен Венгер, Унаи Емери и Микел Артета.

На негово место, „топчиите“ го донесоа јапонскиот интернационалец Такехиро Томијасу од Болоња за 16 милиони фунти, и ќе го добие бројот 18 во северен Лондон. 22-годишниот Томијасу беше цел на повеќе клубови, откако импресионираше под Синиша Михајловиќ од приклучувањето на тимот во 2019 година.

Scroll to Top