Кошаркрите на Бостон Селтикс поведоа со 2-0 против Кливленд Кавалирс, во финалето во Источната конференција. Селтикс во „ТД Гарден“ во Бостон славеа со 107:94.
Бостон одново со тимска игра успеа да го победи Кливленд и во првите две средби да ја одбрани предноста на домашниот терен.
Екипарта на Бред Стивенс мечот го реши во второто полувреме, кое го доби со 59:39.
Кливленд од пораз не успеа да го спаси ниту феноменалниот Леброн Џејмс кој имше улинок од 42 поени, 10 скока, 12 асистенции. Меѓутоа „кралот“ доби помош само од Кевин Лав (22 поени, 15 скока). Целосно потфрли стартниот бек Џеј Ар Смит кој за 27 минути не успеа да постигне ниту еден кош.
Кошаркарите на Бостон како и во првиот меч добро ги распоредија поени: Џејлен Браун (23 поени, 7 скока), Тери Розир (18 поени), Ал Хорфорд (15 поени, 10 скока), Маркус Морис (12 поени), Џејсон Тејтум (11 поени), Маркус Смарт (10 поени, 9 скока, 5 асистенции).
Серијата сега се сели во Охајо каде ќе се одиграа натпреварите број 3 и 4. Третиот натпревар се игра в недела.