Седумгодишниот Закари Џексон Левон Фурниш-Џон, синот на поп-ѕвездата Сер Елтон Џон потпиша за неговиот омилен клуб, премиерлигашот Ватфорд, каде што ќе биде дел од академијата на клубот.
Елтон Џон во 1976 година стана претседател на Ватфорд во обид да го донесе клубот од предградијата на Лондон во првата лига и тоа му успеа во 1982 година. Тој честопати е на трибините на натпреварите на омилениот клуб и вели дека сака неговите деца, седумгодишниот Закари и петгодишниот Илајџа, да имаат нормален живот.
„Имаат седум и пет години. Закари е фантастичен во фудбалот и веќе игра за
академијата на Ватфорд. Илајџа не верувам дека ќе го сака фудбалот, бидејќи тој повеќе ја сака музиката“, вели Елтон Џон во интервју за „Дејли стар“.
Колку е голема почитта на Ватфорд кон својот најпознат навивач, доволно кажува тоа што на нивниот „Викериџ роуд“ една трибина го носи неговото име.