Тугај Керимоглу, поранешниот турски репрезентативец, кого во Блекбурн роверс го сметаат за легенда на клубот откако играше од 2001 до 2003 во поранешниот премиерлигаш, пушел по 20-тина цигари дневно и редовно на полувреме палел цигара, вели неговиот поранешен соиграч Мат Јансен.
Јансен вели дека во својата 19-годишна кариера не сретнал поинтелигентен фудбалер.
„Нема никаква брзина, ниту многу голема изддржливост. На почетокот не знаеше ниту збор англиски. Пушеше како оџак, барем 20 цигари на ден. Но, каков играч беше за Блекбурн. Кажав дека едвај трчаше, но имаше неверојатен преглед на играта и не мораше да трча. На добар терен, тој го водеше шоуто со својата визија. Вистинска класа, најдобар играч со кого сум играл. Тогаш фудбалерите живееја живот каков што сакаат. Немаше поента да се обидеме да го натераме да престане да пуши. Ќе влезеше во соблекувална и ќе труеше на цигари, а потоа ќе водеше шоу 45 минути. И на полувреме, пак ќе запалеше цигара. Еднаш менаџерот Греем Сунес го бараше на полувреме и го најдовме во тоалетот како пуши со вратарот“, вели Јансен.