Top Sport

Македонија мора да ја победи Романија

Македонската фудбалска репрезентација, утре, против Романија ќе го заокружи септемврискиот квалификациски циклус за пласман на Светското првенство. Македонија на претходните два натпревари ремизираше 0:0 со Ерменија и 2:2 со Исланд. На табелата во групата, Македонија се наоѓа на третото место со осум бода.

„Романија е многу сериозна репрезентација. Имаат квалитетни индивидуалци и доаѓаат во добар момент за нив. Но, ние сме сконцентрирани на нашата игра и како треба да изгледаме на терен. Ова ќе биде сосема поинаков натпревар од тој во Букурешт. Не мислам дека е одлучувачки за нашето место во квалификациската група. Се надевам дека до крајот ќе бидеме во игра за второто место. Фудбалерите се мотивирани и подготвени за надигрување. Единствениот проблем со Исланд беше нашиот психолошки момент, но работиме и на тој аспект. Се друго, технички-тактички беше на високо ниво и со многу дисциплина. Фудбалерите сега имаат поинаков начин на работа и задолженија, ги прифатија на најдобар начин и им оддавам признание за тоа“, рече селекторот на Македонија, Благоја Милевски.

Македонија, во терминот од 20:45 часот, ќе ја пречека Романија.

Извор/ ffm.mk

Scroll to Top