Иако порано беа соиграчи, сега само еден е шеф! Ова треба да е заклучокот од интересните фотографии кои ги објави Манчестер јунајтед по враќањето на тренинзи на Кристијано Роналдо и неговата средба со Оле Гунар Солскјер.
Иако беше блиску до трансфер во лутите ривали Манчестер сити, 36-годишниот Роналдо се реши да се врати „дома“, на стадионот каде што почна неговата вистинска фудбалска приказна и веќе во сабота треба да дебитира против Њукасл јунајтед во меч кој веќе е распродаден.
Фотографијата на која Солскјер со прст му објаснува нешто на Португалецот, предизвика огромен број на реакции на социјалните мрежи – од тоа дека ова бил моментот кога Кристијано сфатил дека напраивл „фатална грешка“, до тоа дека Солскјер му објаснува дека освојувањето титули веќе не е приоритет на „ѓаволите“.
„Што овој човек може да му каже на Роналдо“, беше еден од најинтересните коментари.
Ronaldo is back at Manchester United’s training ground with Solskjaer ?? pic.twitter.com/TafAhSCUDe
— B/R Football (@brfootball) September 7, 2021
Look who's arrived at Carrington! ? @Cristiano ? Ole #MUFC
— Manchester United (@ManUtd) September 7, 2021
Hungry for more ?#MUFC | @Cristiano pic.twitter.com/2bTHd68wmL
— Manchester United (@ManUtd) September 7, 2021