Top Sport

Роналдо влезе на „Олд Трафорд“ и порача: Не дојдов на одмор, дојдов да освојувам титули

Фановите на Манчестер јунајтед не можат да дочекаат до сабота за да го видат повторно Кристијано Роналдо со „седумката“ на „Олд Трафорд“, што може да се забележи со астрономските цени на билети на мечот со Њукасл, така што клубот им овозможи видео на кое Португалецот излегува на празниот стадион.

Покрај краткото видео, Роналдо беше забележан на „Олд Трафорд“ со својот поранешен соиграч, Вес Браун, за снимање на интервју кое во целост ќе биде објавено во наредните денови.

„Тука за сум за тоа. Не сум дојден на одмор. Како што ти кажав, историјата беше добра, освоивме важни работи и го носев овој дрес многу пати, но тука сум да победувам. Способен сум, исто како и моите соиграчи, и подготвен сум да играме. Ова е добра шанса за мене, за навивачите, за клубот, сите да направиме чекор напред. Подготвен сум и мислам дека можеме да направиме многу во следните три-четири години. Фановите на Манчестер јунајтед се посебни, знам, многу добро се сеќавам. Уште ја пеат мојата песна и тоа ме прави среќен. Ќе дадам се на теренот, како и претходно. Ќе се обидам да давам голови, да имам асистенции, да победувам и сакам да ги видам многу бргу“, вели Роналдо.

Scroll to Top