Top Sport

Тешка повреда на кошаркар на Црвена звезда

Кошаркарските клубови ширум Европа започнаа со подготвителните натпревари за новата сезона. Баерн во Минхен е организатор на турнир на кој учествуваат Милано, Панатинаикос и Црвена звезда.

Црвена звезда во првиот меч го декласираше Панатинаикос со 83:55. Натпреварот го обележа тешката повреда на Ерон Вајт од Црвена звезда. Вајт, летово ги засили црвено-белите, а една сезона од кариерата мина во Панатинаикос.

Во третата четвртина, Вајт ја заби топката во кошот, но незгодно се приземји, се здоби со повреда на главата и раката.

Американецот веднаш е префрлен во болницата во Минхен, каде лекарите констатирани дека има фрактура на зглобот на десната рака.

Вајт го очекува пауза од најмалку еден месец.

Scroll to Top