Top Sport

Роналдо: Олд Трафорд секогаш бил магично место

Кристијано Роналдо, не можеше да посака подобар кам-бек на „Олд Трафорд“. Португалецот, постигна два гола во убедливата победа на Манчестер јунајтед над Њукалс (4:1).

„Моето враќање на „Олд Трафорд“ е само потсетник зошто овој стадион е познат како Театар на сништата. За мене ова секогаш било магично место, на кое можетеда постигнете се што ќе осакате“, рекол Роналдо и дополнил.

„Горд сум што се вратив во Манчестер јунајтед и што играм повторно во Премиер лигата, но најмногу ме прави среќен што можам да му помогнам на тимот. одиме напред ѓаволи“.

Кристијано Роналдо, на возраст од 36 години и 218 денови, стана третиот највозрасен стрелец во историјата на клубот

Scroll to Top