Микел Артета се согласил да го замени Арсен Венгер како нов менаџер на Арсенал, јавува „Гол“, кој додава дека иако уште нема потпишано договор, објавата ќе биде направена во следните неколку дена.
36-годишниот Артета, поранешен играч од средниот ред на Арсенал, во моментов е помошник на Пеп Гвардиола во Манчестер сити, каде што влијаеше во фантастичната шампионска сезона во Премиер лигата.
Arteta will be the new Arsenal boss, but is he the right man for the job?https://t.co/gy4vx36vBa pic.twitter.com/qOGYSfJnXY
— Goal (@goal) May 18, 2018
Артета е миленик на извршниот директор на „топчиите“, Иван Газидис, кој верува дека со помлад тренер тимот ќе биде повеќе во контакт со модерниот европски фудбал, заедно со главниот скаут Свен Мизлинтат и новиот шеф за фудбалски односи, Раул Санлехи.
Според „Гол“, Артета веќе почнал со „чистката“ во Арсенал, откако препорачал шефот на медицинскиот тим Колин Луин да добие отказ по 23 години. Артета оваа препорака ја направил бидејќи го обвинува Луин за времето кога го вратил пребргу на теренот додека бил капитен на Арсенал.
Артета се пензионираше во 2016 година, настапувајќи 150 пати за „топчиите“, во кои имаше 16 голови и 11 асистенции во четири сезони.
Фото: ЕПА