Top Sport

Златан по супер-камбекот го покажа коленото од пред три месеци

Златан Ибрахимовиќ (нормално) го одбележа својот камбек на фудбалот со гол, по што на социјалните мрежи ја покажа состојбата на неговото повредено колено пред три месеци.

Во мај, 39-годишниот Ибрахимовиќ се повреди при 3:0 победата над Јувентус, по што го пропушти Европското првенство со Шведска, и во јуни Швеѓанецот отиде на артоскопска операција на левото колено.

Тој ги пропушти првите два меча од новата сезона, но во неделата се врати против Лацио постигнувајќи еден гол. Следно за него е посетата на „Енфилд“, каде во среда Милан го има враќањето во Лигата на шампиони по седум години на супер-меч со Ливерпул.

Scroll to Top