Top Sport

Барселона остана без главниот спонзор

Јапонската компанија Ракутен донесе одлука да ја прекина соработката со фудбалскиот клуб Барселона. Ракутен, од 2017 година е главен спонзор на клубот. Ракутен на Барселона, за спонзорството, годишно добиваше 55 милиони евра. Во октомври 2020 година, двете страни го продолжија договорот но за 35 милиони евра годишно.

Исто така, договорот со клубот го раскина и компанијата Беко, чија реклама стоеше на ракавите.

И покрај тоа што остана без два спонзори во ист ден, Барселона има понуди од други компании. Исто така се очекува, за да ги намали финасиските загуби, Барселона да го продаде името на стадионот „Ноу Камп“.

Scroll to Top