Металург го елиминираше и вториот битолски клуб во полуфиналето на Купот на Македонија, откако со 28:21 го совлада Еурофарм Работник за да обезбеди дуел со вечниот ривал Вардар во „Младост“ во Битола.
Металург имаше водство од три до пет гола во текот на целиот натпревар, и иако Еурофарм Работник во неколку навради успеваше да дојде до неколку гола разлика, вклучувајќи -2 на полувремето (14:16), на крајот тимот од Автокоманда стигна до убедлива победа.
Финалето во Битола се игра утре во 16.30 часот.