Top Sport

Тудор е нов тренер на Хелас Верона

Хрватскиот тренер Игор Тудор е нов прв човек на Хелас Верона, откако италијанскиот прволигаш го отпушти Еузебио ди Франческо по само три меча од новата сезона во Серија А.

По трите порази на стартот на сезоната, клубот реши да се раздели со Ди Франческо, кој го замени Иван Јуриќ ова лето. За Тудор ова е враќање во првата италијанска лига, откако лани работеше како помошник на Андреа Пирло во Јувентус, додека претходно беше тренер и во Хајдук, ПАОК, Карабукспор, Галатасарај и Удинезе.

Во Удинезе тој двапати беше тренер, од април 2018 до јуни 2018, и потоа од март до ноември 2019, за вкупно 25 натпревари.

Тудор исто така поголемиот дел од фудбалската кариера го помина како играч во Серија А, со Јувентус и Сиена од 1998 до 2007, пред да се повлече од фудбалот во 2008 како фудбалер на Хајдук.

Scroll to Top