Реал Мадрид и Фенербахче ќе се судрат во супер-финалето на Евролигата, откако „кралскиот клуб“ по лошиот старт на полуфиналето против ЦСКА Москва, се созеде за 92:83 победа над рускиот тим.
Фенер претходно во првиот меч на Фајнал фор во Белград го совлада тимот на Жалгирис.
ЦСКА во Белград пристигна со големи амбиции во 15-тиот настап на Фајнал фор во последните 16 години и со обид да ја вратат титулата во Москва по една година. Меѓутоа, Реал Мадрид, предводен од феноменот Лука Дончиќ имаше фантастичен втор дел од сезоната и сега ќе брка јубилејна 10. европска титула.
Почетокот не беше најдобар за „Лос бланкос“, откако ЦСКА успеа да направи 10 поени разлика по првата четвртина (20:30), но до крајот на полувремето Реал беше во водство само со половина кош разлика (47:46). Клучна за победата на шпанскиот клуб беше третата четвртина, која ја добија со 16:10, предност која не ја пропуштија до финишот на натпреварот.
Словенецот Дончиќ, кој уште не одлучил дали ќе оди во НБА, уште еднаш блесна со 16 постигнати поени за Мадрид, исто колку и поранешниот МВП на Евролигата, Рамон Љуљ. За „Армејците“, Нандо де Коло уфрли 20 поени, додека по 16. имаа Клајбурн и Хајнс.
Големото финале во Белград на програмата е во недела во 20.30 часот.
What a HUGE block by @Da_Thrill21#7DAYSMagicMoment #F4GLORY pic.twitter.com/WUdFmX2mVB
— EuroLeague (@EuroLeague) May 18, 2018
The partnership working again!@SergioRodriguez throws it up, Hunter throws it down!#7DAYSMagicMoment #F4GLORY pic.twitter.com/IgPLo4dIdV
— EuroLeague (@EuroLeague) May 18, 2018