Top Sport

По мечот со Баерн, Серхи Роберто не можел да престане да плаче

Барселона доживеа тежок пораз во премиерниот меч во Лигата на шампионите. Пред своите навивачи, Барселона губи од Баерн (0:3).

Синоќа, играчите на Барселона беа немоќни да му се спротивстават на својот противник. Често во текот на натпреварот 40 илјади навивачи со свирежи им се обраќаа на фудбалерите.

Најлошо од сите помина Серхи Роберто. Еден од четворицата капитени и играч кој долго време е во клубот, со концерт од свирежи беше испратен на клупата за резерви.

„АС“, пишува дека свирежите го скршиле 29-годишникот, кој не можел да престане да плаче во соблекувалната. Не ја разбирал реакцијата на навивачите, бидејќи дал се од себе на теренот.

Свирежите кон Роберто ги коментирал Џерар Пике.

„Ме боли таквиот однос кон него, бидејќи долго го познавам, знам за каква личност се работи. Тој е прекрасно човечко суштество, душата би ја дал за овој клуб. Ќе ги потсетам луѓето дека тој не е винг-бек, туку играч од редот за врска, кој мораше да се жртвува за да се прилагоди на новата улога“, рекол Пике.

Scroll to Top