Top Sport

Адама Траоре од Шериф е четвртиот Адама Траоре кој играл во Лигата на шампиони!

Љубителите на Лигата на шампионите денеска имаа шанса да го видат победничкото деби на Шериф Тираспол (2:0 против Шахтјор), а еден од најубавите голови го постигна фудбалер со многу познато име за фудбалер – Адама Траоре.

Овојпат се работеше за Адама М. Траоре, 26-годишни напаѓач од Мали, а не Адама Траоре, шпанскиот фудбалер кој игра за Вулверхемптон во Премиер лигата, кој исто така има еден настап во ЛШ додека беше фудбалер на Барса. Тука се уште и 31-годишниот Адама Траоре од Брегот на Слоновата Коска, кој играл во ЛШ за Базел, како и 26-годишниот напаѓач од Мали, Адама Н. Траоре, кој играше за Монако во елитното клупско натпреварување.

 

ЛШ: Шериф со совршено деби, Халанд пак со гол за Борусија

Scroll to Top