Долгоочекуваното деби на „ударното“ трио на ПСЖ, Мбапе-Нејмар-Меси, траеше само 50 минути во Белгија, откако Килијан Мбапе мораше да биде заменет со Мауро Икарди откако доби незгодна повреда.
Францускиот напаѓач доби очигледна повреда на својата десна нога, и бараше да биде заменет од Маурисио Почетино, за кого ова е голема главоболка, посебно бидејќи Мбапе на стартот на сезоната беше убедливо најдобриот поединец за ПСЖ во францускиот шампион додека траеше прилагодувањето на Меси и одложениот камбек на Нејмар.
Kylian Mbappe is forced out of PSG’s game against Brugge with an injury pic.twitter.com/gRyWXNOYzX
— B/R Football (@brfootball) September 15, 2021