Прославениот кошаркарски тренер, Душан Дуда Ивковиќ, почина во Белград на 78-годишна возраст. Информацијата ја потврдил, претседателот на Раднички од Нов Белград, клубот во кој Ивковиќ ја започнал кариерата.
„Во шест часот и 50 минути, почина во болницата во Белград, од вода во белите дробови и херпес“, рекол Горан Калиниќ.
Ивковиќ е роден на 29.октомври 1943 година во Белград. Беше еден од најуспешните европски тренери на сите времиња и најуспешен селектор на југословенската репрезентација. Во кариерата три пат бил европски првак со репрезентацијата, во Загреб 1989, Рим 1991 и Атина 1995 година. Има светско злато од 1999 година и олимписко сребро од 1988 година.
Бил селектор на Србија од 2008 до 2013 година. Освоил сребро во 2009 година на европското првенство.
Тренрската кариера ја градел во Раднички, Партизан, Арис, Шибенка, Војводина, ПАОК, Паниониос, Олимпијакос, АЕК Атина, ЦСКА Москва, Динамо Москва и Анадолу Ефес. Два пати ја освоил Евролигата со Олимпијакос, има трофеи во Купот на Радивој Кораќ, Купот Рајмондо Сапорта, УЛЕБ купот. Иам трофеи во шампионатите на Југославија, Русија и Грција.
Тренерската кариера ја заврши во 2016 година.