Најголемите навивачи на мадридски Реал се соочени со едно прашање. Дали 2018. е годината кога „кралскиот клуб“ ќе ги обедини европските титули во фудбал и кошарка.
Низ историјата три пати се случувало, во една иста година, и фудбалерите и кошаркарите да играат во завршните мечеви за шампионските титули, но никогаш не се случило и кошаркарите и фудбалерите во иста година да бида европски шампиони.
Во 1962 година и фудбалерите и кошаркарите биле поразени во финалните мечеви, две години подоцна во 1964, кошаркарите биле европски шампиони, но не и фудбалерите.
50 години подоцна, во 2014 година, фудбалерите ја осовија Лигата нашампионите, а кошаркарите се поразени во финалниот меч.
Значи никогаш овие две секции на Реал, во иста година, не владееле на стариот континет. Кога ќе се погледне проложеното, единствена комбинација што не е реализирана е онаа и едните и другите да бидат шампиони.
Кошаркарите на Реал, утре од 20 часот, во Белград, за европската круна ќе играат против Фенербахче, а фудбалерите на 26.мај, во Киев, против Ливерпул, ќе се обидат да ја одбраната титулата во Лигата на шампионите.
El #HalaMadrid va a jugar las FINALES DE COPA DE EUROPA DE FÚTBOL ⚽️ Y BASKET ? EN EL MISMO AÑO por CUARTA VEZ en su historia!!!
(ninguna otra entidad deportiva lo ha logrado jamás)
1962: perdió ⚽️ y perdió ?
1964: perdió ⚽️ y ganó ?
2014: ganó ⚽️ y perdió ?
2018:❓ pic.twitter.com/9UDnEZed20— MisterChip (Alexis) (@2010MisterChip) May 18, 2018